Add parallel Print Page Options

Заштитени 144.000 души од Божјиот народ

Потоа видов четири ангели кои стоеја на четирите страни на Земјата. Тие ги задржуваа ветровите од четирите страни на Земјата да не дуваат ни на земјата, ни на морето ниту пак на дрвјата. Потоа забележав еден друг ангел како доаѓа од исток. Тој го носеше печатот на Живиот Бог. Со многу силен глас тој им се обрати на четирите ангели на кои Бог им беше дал власт да ги пустошат земјата и морињата: „Не пустошете ни по земјата, ни по морињата, ниту пак по дрвјата, додека не ги обележам со печат в чело Божјите слуги!“

Тогаш го слушнав и бројот на обележаните со Божјиот печат: тие беа вкупно сто и четириесет и четири илјади души, од сите племиња на Израел, и тоа:

12.000 од племето на Јуда,

12.000 од племето на Реувен,

12.000 од племето на Гад,

12.000 од племето на Ашер,

12.000 од племето на Нафтали,

12.000 од племето на Менаше,

12.000 од племето на Шимон,

12.000 од племето на Левиј,

12.000 од племето на Исахар,

12.000 од племето на Зевулун,

12.000 од племето на Јосиф и

12.000 од племето на Бинјамин.

Спасени луѓе од сите народи

Потоа погледнав и наеднаш пред мене се појави множество народ, кое никој не можеше да го изброи. Имаше луѓе од секоја раса, од секое племе, народ и јазик. Тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете, 10 и на цел глас пееја:

„Спасението е дело на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“

11 Сите ангели, кои стоеја околу престолот, околу старешините и околу четирите суштества паднаа ничкум и Му се поклонија на Бог, 12 велејќи:

„Амин! На нашиот Бог Му припаѓа благослов, слава, мудрост, благодарност, чест, власт и моќ! Амин!“

13 Еден од старешините ме праша: „Знаеш ли кои се и од каде доаѓаат овие што се облечени во бели облеки?“ 14 Јас му одговорив: „Господине, Ти го знаеш тоа!“ Тогаш тој ми рече: „Тоа се оние што минаа низ големи страдања. Тие ги избелија своите облеки перејќи ги во крвта на Јагнето. 15 Затоа сега стојат пред Божјиот престол и деноноќно Му служат во Неговиот храм. А Тој што седи на престолот ќе ги заштитува со Своето присуство. 16 Тој никогаш нема да дозволи тие да гладуваат или да ожеднат, ниту пак да ги пече Сонцето или некоја друга горештина. 17 Јагнето, Кое е на средината на престолот, ќе им биде Пастир и ќе ги пои со животодавна вода. И Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи.“