Add parallel Print Page Options

Писмо до

Евреите

Христос е конечниот и врвниот Божји пратеник

Во минатото Бог преку пророците им говореше на нашите предци по многу поводи и на многу начини. Сега, во овие последни денови, Тој ни проговори преку Својот Син - Исус Христос. Преку Него Бог го создаде светот и Него го определи за наследник на се. Тој го одразува сиот сјај на Божјата слава и точно покажува каков е Бог. Тој ја одржува вселената со Својот моќен збор. Откако умре за да не исчисти од нашите гревови, Христос седна на небото од десната[a] страна на Величествениот Бог.

Божјиот Син е над ангелите

Ова покажува дека Божјиот Син е повозвишен од ангелите, како што е повозвишено и името што Му е дадено, зашто на ниеден ангел Бог не му рекол: „Ти Си Мој Син, денес станав Твој Татко[b]“, и повторно: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе Ми биде Син[c]“.

Понатаму, кога Го испрати Својот Првороден Син на светот, Бог рече: „Сите ангели Божји Нему нека Му се поклонат[d].“

И додека Бог ангелите ги нарекува: „Гласници брзи како ветер, слуги од огнен пламен[e]“, напротив, за Својот Син вели:

„Ти Си Бог и вечно ќе владееш како Цар!

Твојата царска моќ воспоставува правда.

Ти ја сакаш правдата, а го мразиш беззаконието, и затоа

Јас, Твојот Бог, Те избрав[f] Тебе

и ти определив поголема радост

отколку на Твоите придружници[g].“

10 А кажано е и следново:

„Господе, Ти беше Тој што во почетокот ја создаде Земјата, а и небесата се дело на твоите раце. 11 Тие ќе пропаднат, ќе изветват како стара облека, а Ти ќе останеш. 12 Ќе ги свиткаш како старо палто, ќе избледат како стара облека. А Ти си секогаш ист, Ти никогаш нема да станеш стар[h].“

13 На ниеден ангел Бог не му рекол така како што Му рече на Својот Син:

„Седни од Мојата десна страна,

додека да ги соборам[i] Твоите непријатели под нозете Твои!“

14 Ангелите се само слуги. Тие се духовни суштества кои Бог ги испраќа да им помагаат[j] на оние што ќе го примат спасението.

Footnotes

  1. Евреите 1:3 Десно од владетелот значи почесно место, позиција на власт.
  2. Евреите 1:5 Пс. 2:7.
  3. Евреите 1:5 2 Сам. 7:14 или 2 Цар. 7:14.
  4. Евреите 1:6 5 Мој. 32:43.
  5. Евреите 1:7 Пс. 104:4. Буквално: Своите ангели ги прави ветрови, Своите слуги - огнени пламени.
  6. Евреите 1:9 Буквално: те помазав.
  7. Евреите 1:9 Пс. 45:6-7.
  8. Евреите 1:12 Пс. 102:25-27.
  9. Евреите 1:13 Буквално: додека да ги претворам Твоите непријатели во подножје на нозете Твои. Пс. 110:1.
  10. Евреите 1:14 Или: да им служат.